Во Грција ослободен македонскиот возач кој беше уапсен поради сообраќајката во која загинаа татко и син

Возачот на камион на возраст од 34 години од Македонија, кој вчера беше уапсен во Грција поради сообраќајна несреќа во која загинаа син и татко на возраст од 13 и 44 години е ослободен, пренесоа грчките медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Возач на камион од Македонија уапсен во Грција по сообраќајка во која загинаа татко и син

Како што веќе објавивме несреќата се случи помеѓу каминиот управуван од мажот од Македонија и автомобил во кое било четиричлено семејство од Грција, на стариот пат Солун – Верија.

Мажот е без повреди, а во несреќата се повредени и мајката и 9-годишниот син, кои биле пренесени во болница.

Засега нема официјална информација за причната за несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести