Денеска на вториот Конгрес на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, едногласно беше реизбран за претседател.
Димитриевски, чија партија има шест пратеници и двајца министри, меѓудругото најави дека ЗНАМ ќе продолжи да дејствува како коректор на власта и дека пратениците на партијата нема да дадат поддршка за уставните измени доколку претходно не се направи јасна дистинкција за македонскиот јазик, потврдена во европска институција.
Фото: Димитриевски/Фејсбук