КАМ ќе им исплати регрес од 46.000 денари на вработените

Од компанијата КАМ информираа дека на своите вработени годинава ќе им исплатат регрес од 46.000 денари, највисок досега.

Сумата е за речиси трипати повисока од законски утврдениот минимум.

Покрај регресот, КАМ постојано ги надградува и бенефициите за своите вработени – меѓу кои се издвојува и попустот за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид, особено популарен во летниот период, посочуваат од таму.

-Воедно, компанијата вложува во човечкиот капитал и со постојано зголемување на платите, подобрување на условите за работа и редовни обуки за професионален развој, велат од таму.

Во компанијата работат 1.400 лица.

Фото: КАМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести