Со НЛБ Зелените кредити до поголема енергетска ефикасност, заштеда на средства и заштита на животната средина

Модерните времиња со себе носат зголемена потрошувачка на енергетски горива и други енергетски потенцијали во глобални рамки, што ја наметнува потребата од посериозен пристап во третирањето на енергетската ефикасност. Преку примена на енергетската ефикасност не само што се намалуваат трошоците за енергија, туку се придонесува и кон одржлив развој, зачувување на природните ресурси и намалување на негативното влијание врз животната средина.

Како општествено одговорна и еколошки ориентирана компанија, НЛБ Банка Скопје покрај имплементација на одржливоста како концепт во сите свои деловни операции и практики, во своето портфолио нуди неколку типови на зелени кредити, прилагодени на потребите и барањата на клиентите, а во насока на поддршка на енергетската ефикасност и зачувување на животната средина, информираат од таму.

Зелената кредитна линија на НЛБ Банка во која влегуваат зелениот потрошувачки, станбен, автомобилски и хипотекарен кредит им овозможува на клиентите низа бенефити, вклучително и поповолни каматни стапки од стнадардните кредитни продукти.

Зелениот потрошувачки кредит е наменет за  поддршка на енергетската ефикасност при изведба или реновирање на постоечки објекти, инвестиции во енергетски ефикасни технологии со цел да се намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење во домот, како и сите трошоци поврзани со дополнителни материјали, работна рака, монтажа и сл.

Зелениот станбен кредит  е неменет за купување на станови со А и Б енергетски лиценци, ново-изградени станови од градежни фирми соработници, постоечки станови сопственост на физички лица, како и за завршни материјали (термо-изолација, прозорци, врати, системи за ладење и греење), работна рака и сл.

Зелениот автомобилски кредит е наменет за купување на електрични и хибридни возила. Зелениот хипотекарен кредит е наменет за системи за користење на соларна енергија, термо-изолација на домот, нови-енергетски ефикасни прозорци и врати, промена на грејни/разладни тела и на котли/пумпи за централно греење/ладење, системи за користење на геотермални/ подземни води за греење иладење, вградување или промена на термостатски вентили на грејни и разладни тела, полначи за автомобили на струја за дома и батерии за акумулирање.

Дополнително, од 2011 година НЛБ Банка учествува во кредитни линии на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кои имаат зелена или социјална компонента, наменети за корпоративниот и резиденцијалниот сектор, а со кои досега се поддржани повеќе од 300 проекти за правни лица и над 600 проекти за физички лица.

Во моментов за физички лица се достапни средства од НЛБ наменскиот кредит за енергетска ефикасност од Програмата за финансирање на зелена економија за Западен Балкан (GEFF) на ЕБОР. Оваа кредитна линија има за цел да им помогне на физичките лица во инвестирањето во енергетски ефикасни технологии, а најголема придобивка е повратот на средства по успешно реализираните инвестиции, и тоа до 20%.

За правни лица, од неодамна во НЛБ Банка се достапни средства од две нови кредитни линии на ЕБОР – „Green&Growth” и „Go Digital”, со кои се проширува пристапот до зелено финансирање во нашата земја.

„Green&Growth“ програмата нуди поддршка на компаниите од Пелагонија и Југозападниот регион и ониe кои сакаат да инвестираат во наведените региони, за инвестиции на зелени технологии, подобрување на енергетската ефикасност, како и проширување на постоечките и отворање на нови капацитети, истовремено со поврат на средства во форма на финансиски грант, во износ до 15 % од целата инвестиција.

„Go Digital” програмата им овозможува на малите и средни претпријатија во земјава да аплицираат за финансирање на широк спектар на технологии и инвестициски решенија, од едноставно усвојување на автоматизирани и роботизирани индустриски решенија, па сѐ до комплексни дигитални алатки за донесување на одлуки, како и генерирање на податоци и алатки за анализа, со што ќе придонесат за декарбонизацијата и генерирање на ефикасност.

Покрај кредитирањето, малите и средни претпријатија, преку оваа програма ќе бидат поддржани со грантови во висина од 10% од вредноста на кредитот, како и со техничка помош која ќе им помогне да ги идентификуваат и структуираат приоритетните инвестиции.

Малите промени во секојдневните навики можат да имаат голем позитивен ефект на долг рок,. НЛБ Банка како компанија која е фокусирана на заштита на животната средина и обезбедување еколошки одржлива економија овие зелени промени ги прави сè подостапни, придонесувајќи со тоа зеленото да остане зелено!, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести