На социјалните мрежи се огласи ќерка на 68-годишниот скопјанец, кој почина вчера, откако претходно беше прегазен со мотор.
Несреќата се случи на кејот од реката Вардар во Скопје, на пешачка патека во близина на улицата „Ленинова“, а возачот на моторот е во бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со мотор усмртен 68-годишен маж од Скопје, возачот во бегство
„Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона на кеј, пред сопствениот прозор. Се зацрни уште една фамилија. Дали ќе има крај на ова, до кога се прашуваме, до недоглед! Дали е тоа место за возење на мотори !?
Ќе ми фалиш бескрајно, еден дел од мене засекогаш згасна“, напиша таа и најави дека нејзото семејство ќе бара правда.
Фото: Унсплеш