Советот на јавни обвинители на седница ги избра Виолета Стојановска за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кичево и Никола Јолевски за основен јавен обвинител на ОЈО Струга.
Стојановска на оваа позиција доаѓа од функцијата јавен обвинител во Јавното обвинителство (ЈО) Кичево, која привремено е в.д. основен јавен обвинител на ОЈО Кичево, а Јолевски доаѓа од функцијата јавен обвинител во ЈО Струга, кој, исто така, привремено е в.д. основен јавен обвинител на ОЈО Струга.
На двата огласи имало по еден пријавен кандидат, Стојановска за ОЈО Кичево и Јолевски за ОЈО Струга, информираа од Советот.
Фото: Унсплеш