Казахстан вчера отвори Амбасада во Македонија, во рамки на обележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.
Амбасадор ќе биде Сатибалди Буршаков, кој меѓудругото посочи дека отварањето на Амбасадата претставува значаен чекор кон зајакнување на врските помеѓу двете земји.
Најави дека соработката ќе се продлабочува во повеќе сектори, вклучително енергетиката, здравството и технологијата.
На свечениот прием меѓу присутните беа и македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и претседателката Гордана Сињановска Давкова.






Фото: МНР/Кабинет на претседателката