Стигнаа првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Граѓаните ги добија првите сметки за струја, во кои има јасни упатства за читање на броилата.

Фактурите кои содржат водич за читање на броила, се испорачуваат по договор на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) со Електродистрибуција.

Од РКЕ неодамна информираа дека за навремено читање на броилата, Електродистрибуција ќе треба да инвестира околу 10 милиони евра во возила, опрема и кадар, па затоа беше одлучено домаќинствата да добиваат водич со фактурата, па сами да пријавуваат состојба.

На овој начин нема да се зголемат трошоците на компанијата, што од друга страна ќе влијаеше врз цената на струјата.

Од Електродистрибуција најавија дека во сметките за јули, домаќинствата ќе имаат увид и колку од потрошената струја им е исчитана, а колку им е паушално пресметано.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести