Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години не биле запалени, од денеска се ставени во функција за гаснење на пожарите.
„Неколку десетици милиони евра е заштедата, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени. Патем можам да кажам дека оваа недела треба да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, третиот го очекуваме да дојде некаде до крајот на месецот или почетокот на август.
По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени за справување доколку има пожари и огнена стихија, така што кога би се споредило со минатото навистина не можеме да правиме споредба оваа година,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната промоција во Криволак.









Фото: Влада