Градоначалничката Данела Арсовска физички нападната во Чаир

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска физички била нападната од едно лице во скопски Чаир.

Таа по инцидентот, во кој биле нападнати и вработени во Град Скопје, додека правеле увид за дивоградба во Чаир, на улицата Кумбара, побарала помош во Градската општа болница „8 Септември“.

Засега нема официјални информации за нејзините повреди, а дел од медумите објавила дека имала контузии од ударање со тупаници и клоци.

Инцидентот го потврдија од Министерството за внатрешни работи, од каде исто така посочуваат дека на Арсовска од повеќе лица и биле упатени и вербални закани.

Таа не го пријавила случајот во полиција, а периодов информираше дека е цел на постојани закани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска објави фотографија од лицето кое ја нападнало

За нападот на Арсовска приведени две лица

(Видео) Пред полицајци ме удираше и ми се закануваше дека ќе ме силува: Данела Арсовска за нападот

Фото: Арсовска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести