(Видео) Пред полицајци ме удираше и ми се закануваше дека ќе ме силува: Данела Арсовска за нападот

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која денеска беше физички нападната од едно лице во скопски Чаир, откако излезе од Ургентниот центар во Градската општа болница „8 Септември“ информираше дека истото пред полицајци ја удирало со клоци и се заканувало дека ќе ја силува и дека ќе и го убие целото семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалничката Данела Арсовска физички нападната во Чаир

Посочи дека лицето прво и се заканувало вербално со погрдни зборови, но и дека полицајците само го тргнале лицето и застанале пред неа и дека не презеле ништо друго и дозволиле толпа од луѓе да ги напаѓа и вработените во Град Скопје, кои биле со нејзе.

Рече и дека лицето кое ја нападнало пред сите се јавувало на високи функционери на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Таа беше нападната на Бит Пазар при увид на дивoградба спроти Полициската станица во Чаир, при увид на дивоградба со неколку вработени во Град Скопје.

За дивоградбата на која била на увид постапувала по пријава на граѓани, а на истата и правеле увид и претходно и било пријавено во МВР, но никој не постапил.

Посочи дека објектот се гради на самиот булевар без одобрение за градба, за истиот нема платено комуналии и дека лицето кое стои позади објектот краде струја и вода.

Рече и дека нападот е снимен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија во нападот на Арсовска виде уште еден напад на бугарски државјанин

Арсовска објави фотографија од лицето кое ја нападнало

За нападот на Арсовска приведени две лица

Видео/фото: Инфомакс/Арсовска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести