Докторка во битолската Јавна здравствена установа – Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ вчера била затекната при примање поткуп.
Информацијата ја потврдија од Министерството за здравство и од Основното јавно обвинителство.
Од Министерството за здравство информираа дека веднаш се иницирала постапка за утврдување дисциплинска одговорност, согласно важечката легислатива.
Од Обвинителството пак велат дека Основното јавно обвинителство Битола и Секторот за внатрешни работи Битола постапуваат за случајот.
За денеска се очекуваат повеќе детали.
Фото: МЗ