За смртните закани врз известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Македонија, австрискиот европратеник, Томас Вајц, од страна на бугарски екстремисти е отворена истрага, откри тој во интервју за ТВ 24.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Смртни закани добива Вајц од бугарски екстремисти поради Извештајот за Македонија
Тој меѓудруго во интервјуто вели и дека исфрлувањето на формулацијата за македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП за напредокот на Македонија, не е сигурен дека е мудра одлука.
Тој најавува и дека планира уште подетално да се занимава со напредокот на земјава кон европскиот пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не беше грешка вметнувањето на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот на ЕП, вели Вајц
Фото: МНР