Во Прилеп синоќа започна Пиво Фестивал, кој ќе трае до недела. Вечерва ќе настапи Харис Џиновиќ.
Организаторите најавуваат денови исполнети со одлична музичка програма, вкусна скара и многу видови на ладно пиво.
„Овие три фестивалски денови носат повеќе од музика, пиво и скара – тие значат економски бенефит за градот, поддршка за локалните бизниси, нова енергија за угостителството и нова можност за Прилеп да блесне пред илјадници посетители.
Искрена благодарност до организаторите, до сите учесници и изведувачи кои со својата енергија ќе нè забавуваат и ќе придонесат овој фестивал да биде незаборавен!
Прилеп живее со овој фестивал, но и расте заедно со него,“ изјави градоначалникот Борче Јовчески.






Фото: Општина Прилеп