Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска е обвинета за случајот „Адитив“, кој се однесува за набавка на адитив за ТЕЦ Неготино и државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката на Антикорупциска обвинета за одавање службена тајна во случајот „Адитив“
Од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција таа е обвинета дека оддавала службени тајни, односно на лице осомничено во „Адитив“ му оддавала информации за постапки кои му биле предмет од интерес.
Таа е обвинета исто така и за компјутерски фалсификат. Според Обвинителството кога требала да полага електронски, за да се здобие со безбедносен сертификат, наместо неа тестот го полагал нејзин колега од Државниот завод за ревизија, од каде дојде во Антикорупциска, кој е исто така сега осомничен за истото дело.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист, кој го доставила до Антикорупциска кога станала претседателка на ДКСК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осомничената за „Адитив“ претседателка на Антикорупциска има плата од 139.500 денари
Каков имот пријавила
На свое име пријавила стан во скопска Кисела Вода.

Во истата општина пријавила и стан на сопругот, кој е подарок.
Вози “фолксфаген голф“, а на име на сопругот пријавила уште едно возило.
На свое име има три кредити. Едниот е од 4,1 милиони денари, кој треба да го врати до 2041 година, другиот е од 1,3 милиони денари, кој треба да го врати до 2032 година и третиот е од 750 илјади денари, кој треба да го врати исто така до 2032 година.

Кредит пријавила и на име на сопругот, од 1,9 милион денари, кој треба да се врати до 2033 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“
Фото: 360 степени