Пред престојните локални избори градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за градоначалникот на Крива Паланка за злоупотреба на службената положба и овластување
Истата е за злоупотреба на службена должност и овластување.
Според МВР тој дозволил доизградба на објект без важечко одобрение и со тоа ја злоупотребил службената положба. Кривична заработија и двајца вработени во Општината.
Митовски реагираше на Фејсбук и за кривичната напиша дека била срамна и целосно режимски конструирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За денеска најави и прес-конференција.
еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.
Каков имот пријавил
На свое име нема недвижен имот.

Вози возило “опел зафириа“.
На име на сопругата пријавил кредит од над 1 милион денари, кој треба да се врати до 2032 година.
Си ја пријавил и платата.

Фото: Фејсбук/Митовски