Утврден идентитет на лицата кои се тепаа на улица во Струмица, едно е приведено, другото е во бегство

Видеото од тепачка во центарот на Струмица, во која едно од лицата употреби и секира, предизвика бура од негативни реакции на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тепачка со секира на улица во Струмица

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица информираа дека е утврден идентитетот на лицата кои учествуваа во тепачката, во која учествуваше и жена.

Во тепачката учествувале С.А. (49) од Струмица и Ќ.Д. (32) од Штип.

Лицето С.А. е пронајдено и уапсено и со него е извршен службен разговор, додека Ќ.Д. е во бегство и за него е објавен централен распис за негово пронаоѓање.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести