(Видео) Скопјанецот Зоран Настески совлада патник кој се заканувал со бомба на лет од Лондон до Глазгов

Скопјанецот Зоран Настески, кој живее во Велика Британија, вчера наутро, совладал патник кој се заканувал со бомба на летот на „Изиџет“ од Лондон до Глазгов.

Патникот кој заканувајќи се дека има бомба извикувал: „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“, како што раскажа Настески за Сакам да кажам, го држел до слетување на авионот, каде бил приведен од шкотската полиција.

-Јасно ми беше дека лажно се заканува и сакав да ги заштитам патниците. Станав, го соборив на земја, му го земав телефонот, и му ги држев рацете сѐ до слетувањето. Потоа, ми помогна уште еден патник, Англичанец, кој го држеше заедно со мене, вели тој за СДК.

Од инцидентот на социјалните мрежи се појави и видео кое го снимила патничка во авионот, кое го објави индискиот јутјуб канал NDTV.

Фото: Фејсбук/Настески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести