Две сестри и нивна пријателка снимиле и праќале порнографска содржина од тригодишно дете, син на едната од нив

Две сестри и нивна пријателка снимиле и праќале порнографска содржина од тригодишно дете, син на едната од нив.

„На 26.07.2025 во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Ќ. (31) од Република Албанија, со живеалиште во гостиварско, нејзината сестра  М.Ј. (22) тетовско, додека на 27.07.2025 од слобода била лишена и нивната пријателка Е.И. (23) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од 34-годишниот сопруг на А.Ќ. дека во периодот додека престојувале во Италија, А.Ќ., М.Ј. и Е.И. снимиле и му пратиле видео снимки со порнографска содржина од неговиот тригодишен син,“ информираа од МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по членовите 201 и 193-а од Кривичниот законик.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести