УХМР предупредува за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Денес попладне, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток.

Во Скопје, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во четврток, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести