Макошпед со добивка во првото полугодие

Макошпед АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 6.665 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 6.129 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за период јануари – јуни 2025 година изнесуваат 20.300 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2024 година бележат зголемување.

Оперативните приходи изнесуваат 13.639 илјади денари и бележат зголемување во однос на оперативните приходи за истиот период 2024 година.

Финансиските приходи изнесуваат 6.661 илјади денари и истите бележат зголемување  во однос на финансиските приходи во истиот период во 2024 година.

Вкупните расходи за период јануари – јуни 2025 година во износ од 13.635 илјади денари бележат зголемување во однос на вкупните расходи за истиот период 2024 година.

Оперативните расходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 13.632 илјади денари и бележат зголемвуање во однос на истиот период 2024 година.

Финансиските расходи изнесуваат 3 илјади денари и бележат зголемвуање во однос на финансиските расходи за истиот период 2024 година.

Остварените консолидирани вкупни приходи за период јануари – јуни 2025 година изнесуваат 21.393 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2024 година бележат зголемување.

Консолидираните оперативни приходи за период јануари – јуни 2025 година изнесуваат 14.732 илјади денари и бележат намалување во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2024 година.

Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 6.661 илјади денари и бележат зголемување во споредба со остварените финансиски приходи за истиот период 2024 година.

Консолидираните вкупни расходи за период јануари – јуни 2025 година се во износ од 15.264 илјади денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи  за истиот период 2024 година.

Консолидираните оперативни расходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 15.261 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 2024 година.

Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 3 илјади денари и бележат зголемвуање во однос на финансиските расходи за истиот период 2024 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реизбрани членовите на Одборот на директори на Макошпед

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести