Која е фирмата СБП енерџи продакшн со која ЈП Водовод и канализација склучи договор вреден 5.1 милиони евра

Јавното претпријатие Водовод и канализација од Скопје склучи договор за набавка на електрична енергија, вреден 5,1 милиони евра, со друштвото за производство, трговија и услуги СБП енерџи продакшн ДООЕЛ од Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор од 5,1 милиони евра склучи ЈП Водовод и канализација со „СБП енерџи продакшн“

Која е СБП енерџи продакшн

Според податоци кои можат да се најдат на интернет, фирмата работи од март 2021 година.

Управител и основач на фирмата е Лилјана Беќарова.

Според податоци на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РЕК) фирмата во септември 2021 година добила лиценца за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија, која трае до септември 2031 година.

Фирмата има и лиценца за вршење на енергетската дејност снабдување со природен гас, која ја добила во февруари 2023 година и важи до февруари 2032 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести