Вкупните приходи на винарската визба Тиквеш АД Кавадарци забележале зголемување од 2% во однос на истиот период од минатата година, при што Друштвото остварило бруто добивка од 712,7 милиони денари, соопштија од таму преку Македонската берза.
-Административните трошоци бележат зголемување од 7%, а трошоците за продажба и маркетинг намалување од 3%. Oстанатите оперативни расходи се на исто ниво како и минатата година.
Остварена е оперативната добивка од 181,8 милиони денари и нето добивка по оданочување од 132,2 милиони денари, што е на исто ниво како и минатата година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синот на Свето Јаневски, Јане излезе од Управниот одбор на Тиквеш
Јане Јаневски и Кристијан Поленак нови членови на НО на Тиквеш
Светозар Јаневски реизбран за претседател на УО на Тиквеш, кои се другите членови
Фото: Тиквеш