Прилепска Пиварница АД Прилеп во првите шест месеци од годинава работела со добивка, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Вкупната сеопфатна добивка на Друштвото за овој период изнесува 75.405.000 денари и истата е зголемена споредено со истиот период лани, кога изнесувала 68.961.000 денари.
Друштвото за овој период има вкупен приход од 1.102.509 денари. Оперативните приходи изнесуваат 1.066.737 денари, а финансиските приходи 35.772 денари, и истите бележат зголемување.
Во структурата на вкупниот приход најголемо учество има приходот од продажба на производи и стоки во земјата и странство од 1.036.772 денари и во вкупниот приход учествува со 94,04%.
Остварените вкупни расходи изнесуваат 1.027.104 денари и истите бележат намалување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прилепска пиварница откупи сопствени акции
Прилепска пиварница откупи нови сопствени акции
Фото: Унсплеш