Осуденик усмрти друг осуденик во Психијатриска болница Скопје во Бардовци

Осуденик усмрти друг осуденик во судскиот оддел во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје“ во Бардовци.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи инцидентот се случил синоќа, 50 минути по полноќ, откако настанала физичка пресметка помеѓу двајцата осуденици.

Починатиот И.Т. (62) од скопското село Љубанци бил удрен со стаклено шише, по што паднал во бесознание. Бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Тој, како што јавија повеќе медиуми бил усмретен од 35-годишниот Димитар Спасов од Неготино, кој е осуден за убиство, а починатиот пак бил осуден за семејно насилство.

Спасов во 2012 година ја уби својата мајка во нивниот стан во Неготино.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести