Од 1. јануари следната година Словенија планира да воведе големи промени на пазарот на труд, пренесуваат тамошните медиуми.
Според истите на работниците над 58 години и тие со најмалку 35 години стаж, ќе им се нуди можноста за избор помеѓу скратен работен ден од шест часа, слободен петок или продолжен викенд.
Станува збор за модел на бенефиции чија цел е подобрување на продуктивноста на работниците, но и зголемување на задоволството на вработените, а со истиот се намалува и нивното отсуство од работа.
Вакови слични модели веќе се практикуваат во Исланд, Ирска и Германија.
До крајот пак на 2028 година се можни и други промени, како надомест за работа во сабота, задолжителен божиќен бонус за сите вработени и воведување на 38-часовна работна недела.
Исто така од следната година, невработените во Словенија ќе добиваат повеќе пари преку бенефиции.
Максималниот износ што невработените ќе го добиваат во текот на првите три месеци откако ќе останат без работа ќе изнесува 130% од просечната бруто минимална плата, која моментално е над 1.660 евра.
Ако не најдат работа и по три месеци, ќе имаат надомест од 110%, потоа 100%, и конечно 70% од просечната бруто минимална плата.
Промени ќе има и за учениците, студентите и учесниците во јавните работи. Тие ќе имаат повисоки минимални часовни плати и подобри услови за работа. Планирани се и посебни стимулации за вработување на лица над 59 години, до 40% од месечен нето надомест. Тие ќе имаат право на повеќе дозволени часови повремена и привремена работа.
За пензионерите, пак, месечното ограничување на работата се зголемува од 60 на 85 часа.