„Виз ер“ информира дека билетите за Келн се веќе достапни на wizzair.com и преку мобилната апликација WIZZ, по цени кои започнуваат од само 1.619 денари (во еден правец, вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба).
„Оваа нова дестинација следува по неодамнешната најава на уште пет возбудливи рути од Скопје до Стокхолм, Мадрид, Прага, Бари и Ларнака. Со ова проширување, „Виз ер“ сега нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји, од скопскиот и охридскиот аеродром – зајакнувајќи ги поврзаноста и можностите за патување за патниците од регионот и пошироко.
Со отворање нови работни места и зголемување на туризмот, „Виз ер“ ја потврдува својата посветеност на поддршка на развојот на туристичката индустрија во Северна Македонија, како и на севкупниот економски напредок на земјата,“ информираат од компанијата.
„Горди сме што ја прошируваме нашата мрежа од Скопје со новата рута до Келн, веднаш по најавата за пет други возбудливи дестинации. Со уште подостапни и поудобни можности за патување, нашето сè поголемо присуство во Северна Македонија ја одразува нашата долгорочна посветеност на регионот и на мисијата да го направиме патувањето достапно за повеќе луѓе од кога било досега. Let’s Wizz,“ изјави Andras Rado, директор за комуникации во Wizz Air.
Зошто да го посетиш Келн?
Келн е живописен град каде што историјата и современиот живот се спојуваат на уникатен начин. Од величествената Келнска катедрала и шармантниот стар град, до богатата уметничка сцена, светски познатите музеи и веселиот дух – градот нуди по нешто за секој патник. Без разлика дали шетате покрај Рајна или уживате во неговите познати манифестации, Келн е дестинација што вреди да се открие во текот на целата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Виз ер“ ќе лета од Скопје до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
За Стокхолм, Бари и Мадрид ќе се лета три пати неделно, за Прага и Ларнака два пати
Фото: ТАВ Македонија