(Фото) Телекомуникациската кула на Водно во „завршна фаза“

Телекомуникациската кула на Водно која почна да се гради во 2013 година и е висока 155 метри е во „завршна фаза“, информираше на Фејсбук, претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов.

Според него кранот кој се користеше за нејзина изградба треба да биде симнат за десет дена, а за нејзино довршување останувале уште “неколку ситници„ и приклучок на струја.

Кулата почна да се гради за да на неа биде поставен посебен антенски систем за контрола на радиофрекфенции, а беше предвидено да биде и туристичка атракција, а имаше и најава дека во неа ќе има и ресторан.

Фото: Фејсбук/Симов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести