Приведен две лица кои му се заканувале на градоначалникот Митко Јанчев и неговото семејство

Две лица од Росоман се приведени, бидејќи му се заканувале на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев и на неговото семејство, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д. (33) и Т.П. (34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј. (43) и на неговото семејство.

Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони.

Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ велат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести