Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со умерена облачност, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во првите два дена од новата седмица времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Фото: Unsplash