Објавени фотографии од 18-годишниот Македонец кој црногорската полиција го бара за обид за убиство на криминалец во Будва

Црногорската полиција објави фотографии од 18-годишниот Андреј Танасковски од Македонија, кој го сомничи за обид за убиство на криминалецот Марко Љубиша (56), познат како Кан, од Будва, Црна Гора, висок член на криминална група поврзана со т.н. Шкаљарски клан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-годишен Македонец осомничен за обид на убиство на црногорскиот криминалец Марко Љубиша – Кан

Полицијата ги повика граѓаните да пријават доколу го видат.

Кан по обидот за убиство, во кој заработи повреди на главата, е на домашно лекување.

Црногорските медиуми објавија дека Танасковски во Црна Гора бил со лична карта на име на државјанин на Србија, Јован Г..

Фото: Полициска Управа/Црна Гора/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести