Семејствата на загинатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, вчера го одржаа 18. „Марш на ангелите“.
Тие потсетија дека се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нивните животи, повторно повикаа на правда и одговорност и изразија револт заради бавната истрага.
„Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без прегратките и гласот на нашите најмили. Во овие месеци, болката не стивнува,“ изјави Розета Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов.
Видео: Радио Кочани/Фото/архива: Игор Бансколиев