Основниот суд Гостивар го одобри барањето на Основното јавно обвинителство Гостивар и им одреди по 30 денови притвор на Артана Асани, в.д. директорката на јавното претпријатие за комунална дејност ЈП “Комуналец“ Гостивар и двајцата раководители – В.Д., шеф на „Водовод и канализација“ и Л.Н., техничкиот директор на ЈП „Комуналец“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во притвор одат поради можност за бегство, влијание врз сведоци, како и поради тоа што се работи за кривично дело за кое е запретена кривична санкција од најмалку четири години
Тие се товарат за епидемијата со труење во Општина Гостивар, предизвикана од градската вода за пиење и за нелегално поставување на пумпи во одводен канал, по што дошло до мешање на водата, а се осомничени за “тешки дела против животната средина и природата, предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење“.
Мерката притвор ќе ја издржуваат во КПУ Затвор Скопје – Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели
Фото: Унсплеш














