ЈП „Комуналец“ Гостивар на диво направил приклучок во близина на главниот цевковод, утврди Инспекторатот за животна средина

Јавнто претпријатие за комунална дејност ЈП „Комуналец“ Гостивар, на диво направило приклучок во близина на главниот цевковод кој ја снабдува Општината со вода за пиење, информираше денеска директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ивана Гиновска.

Дивиот приклучок, се наоѓал на околу 800 метри оддалеченост од главниот цевковод, при што било утврдено дека водата се зафаќала од водно тело кое гравитира во постојан отворен канал и не е опфатено во дозволата која Министерството за животна средина и просторно планирање му ја издало на гостиварското комунално претпријатие, односно истиот не бил во санитарните зони.

„Општината и јавното препријатие немале дозвола за приклучување на таа локација во водоводниот систем. Дивиот приклучок не се наоѓал во рамките на дозволената локација, туку на повеќе од 800 метри надвор од подрачјето опфатено со дозволата.

Доколку сметале дека тука треба да се постават пумпи морале да се обратат до Управата за животна средина која има надлежност да одлучи дали треба или не треба да го дозволи тоа, бидејќи за таков зафат се потребни посебни санитарни услови“, рече таа меѓу друго

По барање на Основното јавно обвинителство Гостивар, инспекторите на ДИЖС на 16. јули извршиле вонреден вечерен увид во координација со крим-полицијата, Агенцијата за храна и ветеринарство, центрите за јавно здравје од Скопје и Тетово, како и претставник на ЈП „Комуналец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две пумпи три недели внесувале загадена вода во гостиварскиот водовод: Директорката на „Комуналец“ и двајца раководители ќе одговараат за тешки дела против животната средина и природата

Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести