Ја удрил со автомобил, па физички ја нападнал: Насилство во Прилеп во тек на бракоразводна постапка

31-годишна жена од Прилеп пријавила дека во петокот била нападната од нејзиниот сопруг И.И., со кого се во бракоразводна постапка. Инцидентот се случил околу 10:30 часот, во близина на куќата каде престојува жената.

Според полицијата, сопругот прво ја удрил жената со своето возило „Голф“, а потоа физички ја нападнал и го оштетил нејзиното возило.

Од полицијата информира дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против И.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести