До пред неколку месеци просторот во Струмица од плоштадот „Гоце Делчев“ кон Градскиот парк, долж струмичкото корзо на улицата „Благој Мучето“, беше едно од најживите места во градот поради бројните кафулиња, едни од најпосетуваните во градот.
Откако Општината Струмица донесе одлука за рушење на бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на градот, во мај, дел од угостителите, иако посочија дека не зазеле јавна површина, надвор од пропишаното и одобренијата, сами си ги срушија објектите, т.н. летни тераси, а дел ги сруши Општината.






Сега просторот не е среден, а распуканиот бетон и плочки, но и ѓубрето, сведочат дека некогаш овде имало нешто.
Струмичани со кои разговараше еМагазин се поделени околу одлуката на Општината, но сите се согласни дека ако веќе се срушиле објектите, барем да се уредила оваа јавна површина во строгиот центар на градот.