Во Вашингтон, САД, вчера се сретнаа американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, по што заедно во Белата куќа има средба и со францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александар Стаб, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Според изјавите на присутните на средбата не се разговарало за територјални отстапки од страна на Украина, на што инсистира Русија, а во фокусот биле безбедносните гаранции кои треба да ги добие Украина при евентуален мировен договор.
Трамп средбата ја отцени за „многу добра“, а го прекина состанокот за да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин и информираше дека започнале подготовки за средба меѓу Путин и Зеленски во следните две недели.
Дека веќе се работи на безбедносни гаранции за Украина, потврди и Зеленски, кој посочи и дека територијалните прашања поврзани со потенцијален мировен договор ќе бидат разработени меѓу Украина и Русија.
Фото: Руско МО