Пред денешната јавна берзанска аукција за продажба на голем пакет на акции на винарската визба Тиквеш АД Кавадарци, вчера во блок-трансакција беа продадени 6.500 акции на Друштвото.
Истите преставуваат 2,40% од основната главина на Друштвото, а беа продадени за 47,4 милиони денари или 771.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е најголемиот акционер во Тиквеш
Како што веќе пишуваше еМагазин, денеска преку моделот „се или ништо“, на продажба се 10.646 обични акции на винаријата, кои преставуваат 3,94% од основната главнина на Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пакет на акции на Тиквеш ќе се продава на берзанска аукција
Почетната продажна цена е 10.596 денари по акција, односно вкупната почетна сума за целиот пакет акции е 112,8 милиони денари или 1,8 милиони евра.
Продажбата на акциите е на барање на Еурохаус АД Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работел Тиквеш во првото полугодие
Синот на Свето Јаневски, Јане излезе од Управниот одбор на Тиквеш
Јане Јаневски и Кристијан Поленак нови членови на НО на Тиквеш