Започна со работа новата хала на Амфенол во Кочани, 200 нови работни места

Во Кочани денеска започна со работа новата хала на компанијата Амфенол, со што се отворија 200 нови работни места.

Премиерот Христијан Мицкоски на отворањетп изјави дека станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна со близу 3.200 вработени, со план за нови 500 вработувања, во две фази.

„Кога ќе биде завршен објектот позади нас, практично, ќе имаме нови 300 вработени, догодина се планира нови 200 вработени, така што ќе се заокружи една бројка од 3.700 вработени.

Станува збор за исклучително висока технологија, со голема додадена вредност на производот, тоа што нас ни е важно, бидејќи додадената вредност практично влијае врз бруто домашниот производ,“ изјави Мицкоски. 

За усогласувањето на царинските ставки, кои се еден од проблемите на странските инвеститори, Мицкоски појасни дека започнаа да се имплементираат од 50% од 1 јули оваа година, а останатите од 1. јануари следната година.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести