(Видео) Родителите на загинатите во пожарот во Кочани маршираа по 19. пат: „Не бараме декларативно сочувство од функционерите, туку вистинска разрешница„

Родителите на загинатите во пожарот во Кочани и граѓани вчера маршираа низ градот по 19. пат.

Како и на претходните протести побараа вистинска разрешница, одговорност и правда за трагедијата, без разлика за кого се работи, а не празни зборови и декларативно сочувство од политичарите и функционерите.

Порачаа дека трагедијата во која загинаа 62, а беа повредени 203 лица не е само уште една вест во хрониките, туку човечка болка што не треба да се заборави и дека нема да дозволат институциите да ја заташкат и да ја претворат во молк.

Обвинението на Основното јавно обвинителство за трагедијата се уште не е одобрено од Основниот кривичен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Што му кажаа родители на загинатите во пожарот во Кочани на Мицкоски, кој вчера беше на тамошните гробишта

Кривичен објаснува зошто се уште не е одобрено обвинението за трагедијата во Кочани

Родителите на тапанарот Џоко Ѓоргиев кој загина во пожарот во Кочани за еМагазин: Нема цена за нашето дете, сакаме правда

Фото: Игор Бансколиев/видео: Радио Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести