За рекламирање во медиумите за локалните избори 6,5 милиони евра: Партиите ќе се рекламираат во 329 медиуми, од кои 246 се интернет портали

За рекламирање во медиумите за престојните локални избори, партиите ќе потрошат 6,5 милиони евра од државниот буџет, пари на граѓаните.

Како што информираа од Државната изборна комисија (ДИК) тие ќе може се рекламираат во 329 медиуми, од кои 33 се телевизии, 42 се радиостаници, осум се печатени медиуми, а 246 се интернет портали.

До ДИК стигнале барања од 352 медиуми.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори е 9,76 милиони евра.

Првиот круг ќе се одржи на 19. октомври, а вториот на 2. ноември.

еМагазин во своето досегашно 12-годишно постоење се нема пријавено за платено политичко рекламирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започна увидот во избирачкиот список: Како да проверите дали Ве има

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести