Имаше ли организациски пропуст на натпреварот „Брегалница„ – „Шкупи“ на кој беа натепани двајца фудбалери пионери

Инцидентот кој вчера го предизвика татко на играч од фудбалскиот клуб (ФК) “Шкупи“ откако неговиот син доби црвен картон (и беше исклучен) на натпреварот со ФК “Брегалница“ во рамки на Републичкото пионерско коло во Штип, е топ тема во јавноста и на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Повредени две деца: Родител на дете од „Шкупи“ натепа фудбалери пионери на „Брегалница“ во Штип

Како што е познато таткото натепа двајца фудбалери на возраст од 15 години, кои завршија во болница, а за инцидентот реагираше и Фудбалската федерација на Македонија, која најави санкции.

Таткото беше уапсен и ќе заработи соодветна пријава, информираа од Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви повреди имаат фудбалерите пионери кои ги натепа татко на играч од „Шкупи“ на натпреварот со „Брегалница“

Едно од прашањата кои се отворија по инцидентот кој ја згрози јавноста, е дали имало организациски пропуст и дали биле исполнети сите потребни услови за негово одржување.

Засега нема одговор на оваа прашање, а нејасно е и колку родители на играчи од “Шкупи“ влетаа на терен и го предизвикаа инцидентот. Неофицијално не станува збор за еден, туку за тројца родители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитетот на мажот кој претепа фудбалери пионери, кои завршија во болница, на натпреварот помеѓу „Брегалница“ и “Шкупи“

Од ФК „Брегалница“ потврдија дека се повредени нивни фудбалери пионери и го осудија инцидентот кој го предизвика родител на играч од “Шкупи“

ФФМ остро го осуди тепањето на фудбалери пионери на натпреварот “Брегалница“ – “Шкупи“

Фото: ФК Брегалница/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести