Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) доживотно го суспендираше играчот на фудбалскиот клуб (ФК) “Шкупи“, чии татко на натпреварот со ФК “Брегалница“, во рамки на Републичкото пионерско коло, во Штип натепа двајца 15-годишни играчи на “Брегалница“.
Пред неговиот татко да влета на теренот, тој физички нападна играч на “Брегалница“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото на фудбалерот на „Шкупи“ кој натепа фудбалери на “Брегалница“ заврши во притвор
Станува збор за фудбалерот Абдуљи Леарт, кој физички нападна противнички играч, нанесувајќи му сериозни повреди, посочуваат од таму.
-Согласно член 43 став 2 од Дисциплинскиот правилник, со кој се санкционира физички напад со потешки последици, му е изречена најстрога санкција – исклучување од фудбалската организација, велат од ФФМ.
Казни заработија уште двајца играчи на „Шкупи“, Рамадани Ибрахим и Новобрдалија Амар, кои како што посочуваат од ФФМ исто така биле дел од инцидентот и извршиле физички напад.
Тие добија забрана за игра од три месеци.
Казнет е и играчот на “Брегалница“, Гоцев Симеон, кој според ФФМ се впуштил во груба игра и пречекорена самозаштита, реагирајќи на нападот.
Тој доби забрана за играње на четири натпревари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ФФМ