Нема да има веселби на телекомуникациската кула на Водно и нема да се вози до таму, тврдат од АЕК

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Орце Симов, за „Слободен печат“ тврди дека во ротирачкиот ресторан во телекомуникациската кула на Водно нема да има никакви веселби, и дека патот до таму нема да отвара за возила.

Моментално со возило до кулата може да стигнете само ако имате специјална дозвола, а патот со рампа е затворен на Средно Водно.

-Нема да има ни свадби ни веселби, ниту се планира да се отвори патот. Таму има четири платформи, едната е за војска и полиција, заедно ќе ја делат. Втората е за мобилните оператори, третата е за македонска радиодифузија и четвртата, највисоката, е за туристичко угостителска дејност.

Таа е ротирачка, прави еден круг за еден час и ќе има масички и столчиња, но нема да има ни скари ни јадење, ќе има кафе, сок за посетителите. Значи патот нагоре нема да се отвора, а работното време уште не е дефинирано, вели Симов и додава дека оваа платформа ќе се изнајми некому за да стопанисува со неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телекомуникациска кула на Водно ќе биде пуштена во октомври

Ќе има ли ротирачки ресторан на телекомуникациската кула на Водно?

(Фото) Телекомуникациската кула на Водно во „завршна фаза“

Фото: АЕК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести