Изградбата на телекомуникациската кула на Водно, која започна да се гради во 2013 година, е во финална фаза, а истата е во фокусот на јавноста пред се поради ротирачката платформа на која се уште не е јасно дали ќе има ресторан, кафуле или нешто слично и за кој ќе биде достапно и дали ќе се отвори патот за возила до таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема да има веселби на телекомуникациската кула на Водно и нема да се вози до таму, тврдат од АЕК
Советникот за логистика на директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Илија Кепевски за весникот Вечер вели дека истата ќе биде пуштена во употреба во октомври.
-Што се однесува до панорамскиот ресторан, сè уште не е утврдено кој ќе менаџира со него. Одлука треба да донесе Владата – дали ќе го преземе Службата за општи и заеднички работи или ќе го остави на АЕК, вели Кепевски за Вечер.
Простор за кафетерија е предвиден и во приземјето од кулата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли ротирачки ресторан на телекомуникациската кула на Водно?
(Фото) Телекомуникациската кула на Водно во „завршна фаза“
Фото: АЕК