М-6 Еден е купувачот на пакетот на акции кој пред неколку денови се продаде на Македонската берза на јавна берзанска аукција по моделот “се или ништо“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На берзанска аукција се продаде пакет акции на Тиквеш за 1,8 милиони евра
Од винаријата преку Македонската берза информираа дека акционерот – друштвото за инжинеринг и услуги М-6 Еден ДОО Скопје се стекнал со 17.656 акции, односно 6,53% од вкупниот број обични акции издадени од Тиквеш.
Како што веќе пишуваше еМагазин, пакетот кој се продаваше на берзанска аукција се состоеше од 10.646 обични акции на винаријата, а беше продаден за над 1,8 милиони евра.
Пред аукцијата имаше и две блок-трансакции. Во првата беа продадени 6.500 акции на Тиквеш за 771.000 евра, а во втората 510 акции за 82.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е најголемиот акционер во Тиквеш
Имајќи ја предвид информацијата од винаријата купувач и на овие акции на Тиквеш е М-6 Еден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синот на Свето Јаневски, Јане излезе од Управниот одбор на Тиквеш
Светозар Јаневски реизбран за претседател на УО на Тиквеш, кои се другите членови
Јане Јаневски и Кристијан Поленак нови членови на НО на Тиквеш