Друштвото за инжинеринг и услуги М-6 Еден ДОО Скопје е во фокусот на инвеститорската јавност откако од винарската визба Тиквеш АД Кавадарци информираа дека Друштвото купило 17.656 акции, кои преставуваат 6,53% од вкупниот број обични акции издадени од Тиквеш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
М-6 Еден купи 17.656 акции на Тиквеш за над 2,6 милиони евра
М-6 Еден е купувачот на пакет акции на Тиквеш кои пред неколку дена се продадоа преку берзанска јавна аукција по моделот „се или ништо“. Како што веќе пишуваше еМагазин станува збор за 10.646 обични акции на винаријата, кои продадени за над 1,8 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На берзанска аукција се продаде пакет акции на Тиквеш за 1,8 милиони евра
Пред аукцијата М-6 Еден во две блок-трансакции купи уште акции на Тиквеш. Во првата беа продадени 6.500 акции на Тиквеш за 771.000 евра, а во втората 510 акции за 82.000 евра.
Која е М-6 Еден
М-6 е семејна компанија на претседателот на Управниот одбор на Тиквеш, Светозар Јаневски, кој е управител на оваа друштво.
Во истото според податоци од Централниот регистар како содружник/основач се води и неговата ќерка Драгана Јаневска, а како управител се води и синот на Јаневски, Јане Јаневски, кој е претседател на Надзорниот одбор на Тиквеш.
Друштвото е основано за вршење инженерски дејности и поврзано теxничко советување.
Кој е најголем акционер во Тиквеш
Единствен голем акционер во Тиквеш пак е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје, кое поседува 80,08% од вкупниот број на акции, покажуваат податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност.
Истото го предводи исто така Светозар Јаневски, кој е и управител во Друштвото.
Основач, сопственик и управител е и Светлана Пендаровска, а во менаџментот на Друштвото се и Мате Настески, кој е основач и сопственик, Ратко Чадиковски, кој е основач и сопственик, и Снежана Славкова, која е основач и сопственик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светозар Јаневски реизбран за претседател на УО на Тиквеш, кои се другите членови
Јане Јаневски и Кристијан Поленак нови членови на НО на Тиквеш
Синот на Светозар Јаневски, Јане, избран за претседател на НО на Тиквеш