Податоците на Народната банка покажуваат дека во првата половина од годинава во Македонија влегле директни странски инвестиции од 221,2 милиони евра.
Најголем дел се од Германија – 88 милиони евра и од Турција – 39 милиони евра.
Вкупните директни инвестиции бележат нето-приливи од 75,9 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај реинвестирањето на добивката (127 милиони евра) и сопственичкиот капитал (18 милиони евра), при нето-одливи кај должничките инструменти (69,1 милион евра).
Споредено со истиот период претходната година, инвестициите се преполовени. Лани во првата половина тие изнесувале 573,6 милиони евра.
Фото: Унсплеш