Денеска до 08:00 часот во Македонија има два активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Долнени во селата Црнилиште и Долгаец, каде гори нискостеблеста вегетација и во Општина Липково во селото Никуштак, каде гори мешана шума.
Под контрола се пожарите во Општина Гевгелија на планината Кожуф, во Општина Македонски Брод во повеќенаменско подрачје Јасен и во Општина Гази Баба во Вардариште.
Изгаснати се 13 пожари.
Фото: Влада