Какви опции имаат пушачите кога откажувањето од пушење не е опција?

И покрај зголемената свест за опасностите од пушењето, милиони возрасни пушачи сè уште се држат до навиката, честопати затоа што откажувањето, од различни причини, не е изводлива опција за нив. Во ваква ситуација, важно е да се зборува за алтернативи што можат да ги намалат ризиците, без дополнителна стигматизација.

Иако целосното престанување со пушење е најдобриот избор за здравјето, многу возрасни корисници бараат начини за да ги задоволат своите потреби со што помала штета за себе и за околината. Напредокот во научните истражувања направи достапни производи што не го согоруваат тутунот, а со тоа не создаваат чад кој содржи бројни штетни и канцерогени супстанции.

Во ерата кога јавното здравје станува приоритет, важно е на возрасните корисници да им се обезбеди пристап до информации за таквите производи кои можат да им помогнат да направат подобар избор. Иновациите во оваа област го овозможуваат токму тоа – алтернатива што не инсистира на откажување по секоја цена, туку ја почитува ситуацијата на корисникот и нуди конкретни опции.

Електронски цигари и загреан тутун

Меѓу првите алтернативи што се појавија беа електронските цигари, попознати како вејп уреди. Овие производи загреваат течност што содржи никотин и ја претвораат во пареа која корисниците ја вдишуваат. Различните јачини на никотин и вкусови ги прават флексибилен избор, особено кај оние корисници кои сакаат постепено да го намалат внесот на никотин.

Тука се и уредите што го загреваат тутунот, но не го согоруваат. Овие уреди им овозможуваат на корисниците да го задржат чувството на консумирање тутун, но со значително помалку штетни супстанции во споредба со традиционалните цигари.

Подискретни опции без чад

Најраспространетите опции во оваа категорија се производите со орален никотин. Станува збор за производи со повеќевековна традиција во Шведска, прва земја во светот која се ослободи од чадот од цигарите. Производите со орален никотин содржат тутун и се користат така што се ставаат под горната усна, за да може да се ослободи никотинот. Никотинските кесички се понов производ кој се користи на ист начин, но тие не содржат тутун, туку само никотин.

Примерите од праксата, како оние во Шведска, Чешка или Нов Зеланд, покажуваат дека е можно да примени пристапот за намалување на штетите без да се стигматизираат корисниците, туку со потпирање на научни докази и одговорна употреба на споменатите производи.

Со јасна регулатива и одговорна употреба, наведените опции можат да помогнат во постигнување на крајната цел – постепено намалување на бројот на здравствени проблеми низ светот поврзани со пушењето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести